Нискобуџетната „Вуелинг“ ќе лета од Скопје до Барселона?

Bez autora
Nov 16 2014

Шпанската нискобуџетна компанија „Вуелинг“ е најсериозен кандидат за оперирање со најавените летови од скопскиот аеродром до четири града во Шпанија. Оваа авиокомпанија, која е основана во 2004 година, е во финални преговори со ТАВ за да почне да лета од земјава налето. Ако преговорите завршат успешно, извесно е дека една од дестинациите ќе биде Барселона, за која постои многу голем интерес, а другите градови допрва ќе се дефинираат. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, неодамна најави дека наскоро ќе се распише јавен повик за субвенционирање нискобуџетни компании на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани нискобуџетни авиокомпании што сакаат да воведат нови линии од Скопје и Охрид до Шпанија и Норвешка.

Нискобуџетната „Вуелинг“ ќе лета од Скопје до Барселона?Шпанската нискобуџетна компанија „Вуелинг“ е најсериозен кандидат за оперирање со најавените летови од скопскиот аеродром до четири града во Шпанија. Оваа авиокомпанија, која е основана во 2004 година, е во финални преговори со ТАВ за да почне да лета од земјава налето, дознава „Дневник“.

Ако преговорите завршат успешно, извесно е дека една од дестинациите ќе биде Барселона, за која постои многу голем интерес, а другите градови допрва ќе се дефинираат.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, неодамна најави дека наскоро ќе се распише јавен повик за субвенционирање нискобуџетни компании на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани нискобуџетни авиокомпании што сакаат да воведат нови линии од Скопје и Охрид до Шпанија и Норвешка.

Од „ТАВ Македонија“ не ја потврдуваат информацијата и засега не ги откриваат конкретните планови.

- „ТАВ Македонија“ е во постојана комуникација со новите, потенцијални и со авиокомпаниите што веќе летаат од македонските аеродроми во врска со нивните планови. Не би сакале да откриваме име на која било авиокомпанија пред да добиеме официјална потврда дека таа ќе почне да лета од и до македонските аеродроми - велат од „ТАВ Македонија“.

За идните планови на „Вуелинг“ поврзани со Македонија ја контактиравме и авиокомпанијата, но не добивме повратен одговор.

Според податоците објавени на интернет-страницата на „Вуелинг“, авиокомпанијата лета до над 100 града во Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток. Лета до речиси сите европски метрополи и поголеми градови, меѓу кои и до Прага, Kопенхаген, Осло, Хелсинки, Рејкјавик, Аместердам, Лисабон. За Шпанија има летови до 24 града, меѓу кои и до Барселона, Мадрид, Тенерифе, Kанарски Острови, Малага, Ибица, Менорка, Мајорка, Севилја, Валенсија. Од земјите во регионот, „Вуелинг“ е присутна во Хрватска, каде што лета до Загреб, Сплит и Дубровник, во Бугарија со лет до Софија и во Грција, каде што оперира со летови до речиси сите попознати острови во Егејското и Јонското Море.

На африканскиот континент авиокомпанијата има летови до пет града во Мароко, два во Алжир и Дакар во Сенегал. На Блискиот Исток, пак, лета до Тел Авив и Бејрут.

Во изминатите три години, единствената нискобуџетна компанија која доби субвенции од Владата беше „Визер“, која беше избрана на јавен повик. За да може да добива државна помош, авиокомпанијата треба да воведе нови дестинации од македонските аеродроми до европските градови со кои Скопје и Охрид немаат авионска конекција, да понуди пониски цени на билетите, како и да го зголеми бројот на патниците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik